Никој ниту да праша
Имаше две грицкалки за нокти, една пена за бричење, едно кутивче неотворени жилети, три ролни селотејп, два шпила карти во пластична кутија, една тубичка суперлепак и две батерии од еден и пол волт врз картонската кутија зад која на земја седеше брадосан стар човек и гледаше неодредено во луѓето што минуваа. Но никој ниту да застане, никој ниту да праша.
Однатре
Велат дека тоа што поларната мечка ќе го улови и ќе го изеде за време на пролетта, треба да и трае сè до следната пролет. И јас како неа, ова априлско утро, ги отворам сите сетила и лакомо ја впивам пролетта во себе, со надеж дека на зима ќе раззеленам...однатре.
Изговор
“Ќе одам да го фрлам ѓубрето” реков, како изговор да излезам и да ја помирисам расцутената праска.
1 comment:
Alek kako i sekogas prekrasno pisuvas.Ova sto e,kako haiku e,haibun e ili nesto treto?
Post a Comment