Sunday, May 01, 2011
Без душа (Томас Бернхард)
Се додека лекарите во болницата се интересираат само за телата, а не за душата за која очигледно не знаат ама баш ништо, болниците ќе мораме да ги нарекуваме не само институции на јавното право, туку и институции на јавното убиство, а лекарите и нивни соучесници. Кога телото на некој самостоен научник од Отнанг кај Хаусбрук, кој бил упатен во болница поради некоја таканаречена необичност, му било целосно прегледано, тој, како што напишал во писмото до стручното медицинско списание Лекар, прашал: "а душата?", на што лекарот, кој го прегледувал телото му одговорил: "бидете мирен!"
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment