Животот е извор на хаику доживувањето. Затоа согледај го овој, сегашниов миг.
Запомни дека хаику е поезија на секојдневието, и дека секојдневието е неговото подрачје.
Внимателно набљудувај ги нештата од природата...ќе ти се откријат невидени чуда.
Идентификувај се (толкувај се преку) со својот субјект, што и да е тоа: Тоа си ти – “Тат твам аси”.
Размислувај во самотија и во спокој за своите белешки за природата.
Не издавај го Качеството на нештата- природата треба да биде предадена токму онаква каква што е.
Изрази го своето чувство преку синтакса природна за англискиот јазик. Не пишувај се во јапонскиот 5, 7, 5 облик, оти тоа на англиски честопати предизвикува подметнување и вештачко дотерување.
Настојувај да пишуваш во три стиха, со приближно седумнаесет слога.
Употребувај само обичен јазик.
Сугерирај, ама погрижи се на читателот да му дадеш доволно, оти хаику што заматува е промашено.
Кога-годе можеш спомени го годишното време, оти тоа додава димензии. Запомни дека годишното време може да биде одредено со предмет или со знаци на песната.
Никогаш не употребувај нејасни алузии – хаику се интуитивни, не се интелектуални.
Не превидувај го хуморот, ама избегнувај обична шега.
Римата и другите поетски средства никогаш не треба да бидат толку очигледни што ќе го засенуваат градивото.
Живодарноста, не убавината, тоа е вистинското својство на хаику.
Никогаш не жртвувај си ја јаснотијата на твојата интуиција за извештаченост: изборот на зборови треба да биде насочуван од значењето.
Читај ја секоја песна на глас, оти незабележаното вештачко дотерување секогаш ќе се чуе.
Имај го на ум советот на Торо – “Поедностави! Поедностави! Поедностави!”
Остани при секоја песна додека не го задоволи она што сакаш да го изразиш.
Запомни го предупредувањето на Р.Х.Блајт дека е хаику прст што покажува кон месечнината, и ако е дланката украсена со скапоцености, веќе не го гледаме она што го покажува прстот.
No comments:
Post a Comment