Monday, May 07, 2007

Уште малку хаику

Во последно време многу ме привлекува хаикуто како поетска форма и планирам да напишам нешто повеќе за хаикуто и мојата љубов кон него но сега ќе ве оставам да прочитате уште неколку од моите песни.

For the english speaking I will try to translate some of the haiku poetry I promise.

Времето сопре.
За момент посака да
гледа како спиеш.

Снежни врвови.
Се повеќе ми значат
дури стареам.


Низ зелен тунел
тикво си минувам. Ја
сакам пролетта.


Паѓаат ѕвезди
врз мене - дур во мракот
се пикам под ќебе.


И покрај одвод
за канализација -
багремот цвета.


Стотици лисја
шумно бијат битка со
сила невидна.

7 comments:

eliora said...

Prvite tri se prekrasni..prodolzi taka Alek!

amy that's in skopje said...

i really like that first one ;)

div cvet said...

Alek,pisi nesto novo,pls...

div cvet said...

sliktie se super..za malce ke se pobunev deka ja nema najubavata od mene..:)...

div cvet said...

Alek,zaboraviv da te prasam prege..da ne imas nesto muzika od Travis?..

The Machinist said...

Vtorata e super,
bravos momche kje te bide :D

Elanor said...

Ajde uste haiku.