Здраво на сите. Имам работи што би можел да ги кажам но сега ќе продолжам во стилот на хаикуто - кратко. Хаикуто има огромна моќ да го долови моментот, на обичните моменти да им даде вечна димензија. Ми се допаѓа изразот дека хаикуто е како филмска камера.
Сега ве оставам да уживате во поезијата на Владимир Мартиновски, според мене еден од најдобрите хаику поети кај нас. Ова е мој избор од неговата стихозбирка „И вода и земја и оган и воздух“. И не заборавајте секоја песна се чита по два пати.
Прво будење
годинава - со звук од
лопата во мраз.
Две оси од зад
славината ја демнат
следната капка.
Наведнат бор го
милува морето со
една шишарка.
Лавовите од
фонтаната се на штрајк.
Денес не плукаат.
Врз срната од
мозаикот спие пес.
Што ли сонува?
Со игличките
борот по правта црта
кинески знаци.
Пливаме грбно -
ние во морето а
облакот на небо.
Капат стреите...
Капка по капка тонам
во соништата.
Солени капки
во воздухот - морето
е на прошетка.
Од криглата со
пиво бумбарот зема
пена за бричење.
7 comments:
Mnogu mi se dopagja pretposlednata!Se' poveke me voodusevuva ovaa poezija..
I mene.
uh translation please?
dobar e ovoj ej, heheee you know what i mean?
ok so i'm gonna buy a macedonian for dummies book...
Super e poezijava, mnogu e slikovita!
mene mi se sviga pettata
Post a Comment