Friday, April 20, 2007

Никола Маџиров

Стапната трева.
Се поткрева да види
кој ја гази.

Капка во вирот
и направи брчки на
месечината.

Првите снегулки
паѓаат врз колата.
Алармот молчи.

Блеснува молња.
Струјата трпери, се
плаши од звукот.

Ореви во џебот.
По градските улици
долго барам камен.

Трепкаат светла.
Светулки на патот?
Не. Патарина.

Надвор истура.
Не. Мајка ми в кујна
пржи компири.

Летен ветрец. Кон
шахтата се тркалаат
топченца од липа.

Излупено јаболко.
Оголено, од срам, бргу
менува боја.

Девојче мило,
од другите планети
те гледаат ко ѕвезда.

5 comments:

eliora said...

Imas pravo Alek, poezijava e super...dali ja imas negovata poezija...bi sakala da ja pozajmam!

Anonymous said...

lele lele kolku ubavo...stvarno super,mnogu mi se dopaga..:)))))...

Anonymous said...

ej,super e poezijava..:)..mnogu sakam haiku..takvi nekoi kratki stihcinja,ama so smisla

Elanor said...

E taka :),stavi nesto interesno.Mi se dopagaat site.Super.

North Wind said...

wow...beautiful mind.