Monday, March 05, 2007

Се што сте сакале да знаете за сексот а не сте се осмелиле да прашате

1. Кога имав шест или седум години ми го вадеа третиот крајник. Се враќам јас после 2-3 дена од болница кога моите ми купиле мини верзија на флипер. Онака баш пинбол со Химен на екранот. Радости!

2. Дедо ми беше шофер во градски и така се возам јас како мал, седнат напред до шофершајбна. Пред да се исклучи од линија 45ка и да го носи автобусот во гаража одиме на последна во Сингелиќ и купуваме по еден шејк. Боровница со сладолед од автомат. Само тогаш ние си го викавме шеик. Ќе пиеме по еден шеик? Може!

3. Кога имав 14 години го гледав за прв пат филмот Исус од Назарет. Тоа беше прв пат да го пуштат на телевизија за Велигден. Во третиот или четвртиот дел се трудев да не заплачам зашто мајка ми беше во соба а нели во Македонија е срамота да плачеш ако си машко. Откако го гледав филмот решив да го следам Исус Христос и тоа го правам и до ден денес.

4. Пред некои 4 години се враќав од далечен пат и бев во автобус што доаѓаше од Белград. Автобусот пристигна на скопските улици и беше некаде околу 12 п.м. кога застана спроти стара железничка. Срцето ми чукаше многу брзо. Таму ме чекаше една убава девојка. И мила...

5. Пред некоја вечер месечината стана црвена. Сигурно живееме во последните времиња.

Веќе помина доста време од ова со штафетата па така му ја предавам на секој што сака да напише 5 работи за себе.

8 comments:

trilobite said...

Туу бе Алек,ја ама се залетав според насловот,а тоа нема везе...

Anonymous said...

posto se vidovme so Sonja,ni kaza za tvojov post i se izgazivme od smeenje...stvarno si originalen Alek...super postce..samo pola ne go razbrav..:)))

eliora said...

Se prasuvam Dragana koj del ne go razbra...konsultiraj se so Alek i toj ke ti objasni!!
inaku odlicen i mnogu interesen post...originalen.

St.Alpin of Przhino said...

ima vrska naslovot , ne li gledate deka imalo himen na fliperot....

Anonymous said...

he said himen :D


interesna rabota ova so shtafetata se prashuvam koj e sleden, mozhebi toj shto prv komentiral ;)


hehe Caci you're next

Anonymous said...
This comment has been removed by the author.
Anonymous said...

naslovot ima tesna povrzanost so fliperot ...>

Martina said...

potpuno ste ludi...LUDI!!!I ja sam se zaletela za naslovom...rekoh u sebi, sta li ce sad ovaj Alek da kaze