Tuesday, February 06, 2007

Веронаука. Царевото на царот, Божјото на Бог

Штафетата на младоста не сум ја заборавил. Ќе напишам, нема гајле.Неколку мисли во однос на веронауката во училиштата. Ако државата по устав е секуларна а воедно и школство, тогаш нека биде така.Зашто не треба да ви зборувам за тоа што се случува кога црквата се меша во власта, или поточно кога се меша таму каде што не и е местото и за кое што не и е даден мандат. Христос не ги менува луѓето преку световните власти туку преку вера во него и промена на срцето. А потоа секој поединечно влијае таму каде што се наоѓа. На кратко кажано: христијани во властите, но не христијанска власт! Црквата и семејството се места каде што едно дете ќе добие верско образование, а не училиштето. И само да ве потсетам дека децата не се раѓаат како православни, муслимани или сл. Тие се раѓаат како луѓе.

Мислам дека во очите на власта во оваа земја постојат православни, католици и муслимани. Затоа логиката е следнава: «Ајде во школите да се осигураме нашите деца да си бидат поучени во православната вера и врз тоа да си го градат својот идентитет како Македонци, а муслиманите нека си учат за исламот како основа за нивниот идентитет како Албанци или Турци. (We don’t touch you so you don’t touch us.) А во целата таа голема слика сите што не се дел од овие големи верски заедници а «рамноправни» по закон се губат. Многу кратковидо од страна на власта. Би рекол вака: М.П.Ц. има и капацитет и моќ да ги привлече младите во црквите и да ги научи на Божјите патишта но не го прави тоа. (со мали исклучоци) Зошто? Затоа што е заглавена во времето. Некаде во 15 век, или порано. Ќе следува повеќе. Можеби.

2 comments:

Gabi said...

Dear Alek, don't have the correct phone numbers to call you :( tried with the ones you have at the Prague ConnectEurope gathering. Leave a post here with your number or send a quick email to ngaboca/at/yahoo/dot/com, please!!! :) we would love to visit you!!! blessings, hugs to all of you. gabi from hungary, budapest

St.Alpin of Przhino said...

Treba da ima jasna distinkcija pomegju sekularnoto i ona sto go narekuvame religija, ona vnatresnoto, mislam na sozercanieto neli.....
a da ne zborime pa za grupite kopi se na marginite:))