Tuesday, February 20, 2007

These days...


I finished a book called "The irresistable revolution" by a guy called Shane Clayborne. It's a fantastic book and you can visit Dejan's blog (you can find him in the links on the right side) and hear Shane speak on youtube so can have a taste of what he is talking about.

I'm translating a book called "Red Moon Rising" racing with the time to finish it in time. I enjoy doing that, cause it's a great book also and some ordinary radicals like Sonja are mentioned there. :)

I'm listening a lot to The Killers. Both albums are very good. Another band that I think is great is Kasabian. Also I'm enjoying the new Muse album "Black holes and revelations", new Foo Fighters album "Skin and bones" and new LCD Soundsystem album "Sound of Silver." And off course "Simple pleasure" by The Tindersticks.

I'm turning 29. Still in my twenties though. :) And I will always be young by my lovely wife who is 22.

Friday, February 09, 2007

Трамвајот што го спаси градот

Зошто да се возиме во сосема нови автобуси произведени во Македонија?
Зошто да се вработат многу луѓе за изработката на тие автобуси?
Зошто да се изработат со материјал набавен од наши фабрики?
Зошто цените да бидат упола поефтини?
Зошто автобусите да бидат на плин и да не го загадуваат веќе загадениот град?
Зошто ни е сето тоа кога ние ќе се возиме со ...ТРАМВАЈ!

Tuesday, February 06, 2007

Веронаука. Царевото на царот, Божјото на Бог

Штафетата на младоста не сум ја заборавил. Ќе напишам, нема гајле.Неколку мисли во однос на веронауката во училиштата. Ако државата по устав е секуларна а воедно и школство, тогаш нека биде така.Зашто не треба да ви зборувам за тоа што се случува кога црквата се меша во власта, или поточно кога се меша таму каде што не и е местото и за кое што не и е даден мандат. Христос не ги менува луѓето преку световните власти туку преку вера во него и промена на срцето. А потоа секој поединечно влијае таму каде што се наоѓа. На кратко кажано: христијани во властите, но не христијанска власт! Црквата и семејството се места каде што едно дете ќе добие верско образование, а не училиштето. И само да ве потсетам дека децата не се раѓаат како православни, муслимани или сл. Тие се раѓаат како луѓе.

Мислам дека во очите на власта во оваа земја постојат православни, католици и муслимани. Затоа логиката е следнава: «Ајде во школите да се осигураме нашите деца да си бидат поучени во православната вера и врз тоа да си го градат својот идентитет како Македонци, а муслиманите нека си учат за исламот како основа за нивниот идентитет како Албанци или Турци. (We don’t touch you so you don’t touch us.) А во целата таа голема слика сите што не се дел од овие големи верски заедници а «рамноправни» по закон се губат. Многу кратковидо од страна на власта. Би рекол вака: М.П.Ц. има и капацитет и моќ да ги привлече младите во црквите и да ги научи на Божјите патишта но не го прави тоа. (со мали исклучоци) Зошто? Затоа што е заглавена во времето. Некаде во 15 век, или порано. Ќе следува повеќе. Можеби.