Friday, September 23, 2011

Поезија (3 песни)


Пророк


Најпрво ја налепувам брадата на пророк.

Потоа ја облекувам туниката и се наметнувам со наметка.

Половината ја препашувам со појас.

На нозете имам сандали, а во раката стап.


Можеби така некој ќе слушне што имам да кажам,

можеби така на некој ќе му е гајле.



Музите се гулаб


Музите не се ниту крава, ниту слон,

ниту каков било влекач

тие не се ни јазовец ни волк,

ни златно теле. (Ниту жени се).


Тие се гулаб

штотуку прелетан над вжарен вулкан

блага сончевина има во крилјата негови,

молкот на исихастот е воздухот што го сече.


Тие се гулаб

што како низ звучен ѕид преминува

од онаа страна на видливото,

песната на ангелите му пулсира во срцето.

Кога слетува над тебе,

иако мирен,

трепериш.



Срам


Ноќва посакав темни облаци

да ја покријат месечината,

ангелска рака да ги распара

и да ги наполнат кофите и легените

на мојата душа.


Ноќва ја повлеков завесата

и се мушнав во кревет

со свртен грб како налутено дете

покриен со чаршафот на несигурноста.


Како прељубник што и свртел грб

на својата верна придружничка,

ноќва се срамам од месечината.




2 comments:

eliora said...

Alek, apsolutno prekrasno! Ti blagodaram sto go zbogatuvas nasiot svet so tvojot svet!

Alan Curtis said...

Сакам да споделам со сите вас овде за тоа како го добив мојот заем од г-дин Бенџамин кој ми помогна со заем од 400.000,00 евра да го подобрам мојот бизнис. Беше лесно и брзо кога аплицирав за заемот кога работите беа груби со мојот бизнис . Г-дин Бенџамин ми даде заем без одлагање. Еве ја е-поштата на г-дин Бенџамин/ 247officedept@gmail.com.