Рјокан се вратил и го фатил на дело. "Сигурно долго си патувал за да дојдеш кај мене", му рекол на својот непоканет гостин, "затоа не би било добро да си заминеш со празни раце. Те молам, дозволи ми барем да ти ги подарам своите алишта".
Крадецот се зачудил. Ги зграпчил алиштата и избегал.
Рјокан седел гол гледајќи ја месечината. "Кутриот човек", помислил во себе, "о, да можев, ќе му ја подарев оваа прекрасна месечина".
(Преземено од "101 зен приказна")
No comments:
Post a Comment