Tuesday, February 23, 2010

Инвестирај во Македонија

Неодамна нашата влада беше многу гласна за тоа дека прави се за да охрабри странски компании, потенцијални инвеститори, да инвестираат во Македонија и ја започна огромната кампања наречена "Инвестирај во Македонија". Кога очигледно дека дојдоа далеку помалку инвестиции, ако воопшто ги имаше, тие ја обвинија светската економска криза, што до некаде и го разбирам.

Но денес разговарав со еден пријател-странец и ми рече дека пратил имејл на веб-страната на "Инвестирај во Македонија" и објаснил дека сака да отвори бизнис во земјава. Човекот воопшто не добил одговор. Во имејлот не кажал колку финансии би се вложиле, колку луѓе би се вработиле, затоа што, на пример, можат да бидат огромни суми. Но не, луѓето од владата не нашле за сходно да го удостојат со одговор. Или можеби блокиран им е мејлот.

Така ли се привлекуваат инвеститори драга владо на Република Македонија? Така ли се привлекуваат инвеститори вие приучени курсисти по маркетинг? Не! Секако дека не!

Исто така владата ни вели дека секој треба да има трето дете. Но јас само сакам да поставам едно прашање. Каде да го раѓа? На гинекологија? Кој бил таму, особено на приземје, знае за што зборувам. На гинекологија ли се пораѓаше сопругата на премиерот? Не! Се пораѓаше во приватна болница. Така што, тие приказни да му ги продавате на друг.

1 comment:

Anonymous said...

глупости, не може тукутака да осудиш за тој некојси што сакал наводно да инвестира во Македонија... од кај знаеш зошто не му вратил некој емаил и за што пишувало во неговиот емаил.
А ако речеш дека е лош проект за трето дете, срамота... еј кај даваат пари за трето дете сега па не ти чини за пораѓајот, незнам како овој цел народ се раѓале до сега? а кога ќе станеш ти премиер ќе може приватно да ти се роди детето.
Детски размислуваш