Ноќно небо. Ко
стаклена масичка со
трошки послана.
Жолт спачек на
трупчиња поткачен. А
под него дедо ми.
Долга колона.
Веќе ме заморува
визниот режим?
Низ трепетот на
лисјата за момент го
гледам крстот.
Техно забава?
Не. Во гаража дедо
ми заварува.
Tuesday, April 24, 2007
Friday, April 20, 2007
Никола Маџиров
Стапната трева.
Се поткрева да види
кој ја гази.
Капка во вирот
и направи брчки на
месечината.
Првите снегулки
паѓаат врз колата.
Алармот молчи.
Блеснува молња.
Струјата трпери, се
плаши од звукот.
Ореви во џебот.
По градските улици
долго барам камен.
Трепкаат светла.
Светулки на патот?
Не. Патарина.
Надвор истура.
Не. Мајка ми в кујна
пржи компири.
Летен ветрец. Кон
шахтата се тркалаат
топченца од липа.
Излупено јаболко.
Оголено, од срам, бргу
менува боја.
Девојче мило,
од другите планети
те гледаат ко ѕвезда.
Се поткрева да види
кој ја гази.
Капка во вирот
и направи брчки на
месечината.
Првите снегулки
паѓаат врз колата.
Алармот молчи.
Блеснува молња.
Струјата трпери, се
плаши од звукот.
Ореви во џебот.
По градските улици
долго барам камен.
Трепкаат светла.
Светулки на патот?
Не. Патарина.
Надвор истура.
Не. Мајка ми в кујна
пржи компири.
Летен ветрец. Кон
шахтата се тркалаат
топченца од липа.
Излупено јаболко.
Оголено, од срам, бргу
менува боја.
Девојче мило,
од другите планети
те гледаат ко ѕвезда.
Subscribe to:
Posts (Atom)