Во плитката река,
врз дланките што мијат садови –
пролетна месечина.
Не бркај го еленот
што дошол да ги посети
црешите во цут.
Еј, скакулче,
немој да ги изгазиш
блескавите бисери на росата!
Види го славејот!
И на благородниците
истата песна им ја пее.
Не се предавај
еј, мало жапче!
Иса е тука!
Пепруга во градината.
Детенцето ползи – таа одлетува.
Детенцето ползи – таа одлетува.
Не газете овде.
Синоќа беше преполно
со светулки.
Мачето, за миг,
го згазнува листот
носен од ветрот.
И мојот татко
ги гледаше овие планини…
Зимска осама.
Денес како и вчера…
Над бедната колипка
се шири магла
До секоја порта
пролетта стасува
со кал на наланите.
Есенски ветер.
Сенката на планината
трепери.