Покрај Мацуо Башо еве уште еден од јапонските мајстори. Веројатно мојот омилен. Направив избор од неговото хаику и ќе го постирам во два дела. Ова е првиот.
Глеј, ене го пак,
до берачите на чај
стои еленот.
Во торбулево
малку ориз и малку
ливчиња од чај.
На богослужба
луѓето замолкнаа.
Пчелите ѕунат.
Месечино над ридот,
осветли го, те молам,
оној што краде цвеќе!
Тивок, сончев ден.
Монахот од планинскиот храм
ѕирка низ оградата.
Светот е полн со тага и бол
дури и кога црешата
ќе расцути.
Славејот си ги чисти
калливите ножиња
со сливин цвет.
Не заминувај!
Колку и да пееш лошо,
ти си мој славеј, мој!
И одлета пеперугата,
чиниш жали
што светот е таков.
Едно девојче
си го избриша носот
со цвет.
Дојди да си поиграме,
врапченце
без мајка и татко!
Црешовиот цвет
го натера и благородникот
да слезе од коњот
2 comments:
mnogu ubavo.
haha interesen izbor :)
Favoriti :
Месечино над ридот,
осветли го, те молам,
оној што краде цвеќе!
(epten slikovito LOL)
Тивок, сончев ден.
Монахот од планинскиот храм
ѕирка низ оградата.
(hahah :D pomisliv na Alpin dodeka go chitav ova)
Црешовиот цвет
го натера и благородникот
да слезе од коњот
(Site sme isti :D )
Post a Comment