Tuesday, January 30, 2007
Tuesday, January 23, 2007
Wednesday, January 17, 2007
Wednesday, January 10, 2007
Молитвата на еден урбан мистик
Боже, додека ја почнуваме оваа година те молам Твојата благодат и Твојот мир да бидат со нас постојано. Води не по Твојот пат и помогни ни да донесуваме одлуки инспирирани од Твојата пресвета мудрост. Помогни ни да застанеме за момент, да ја стишиме целата бучава и сите гласови што беснеат околу нас и да се смириме пред Тебе . Да уште еднаш го провериме темелот на кој што стоиме и да се пазиме од гордоста и суетното славољубие. Дај ни благодат да ја победиме себичноста и да се дадеме себе си за другите. Да ја избереме тесната порта, потесниот пат. Дај ни сила со срцето да се одлепиме од материјалното и тоа да не владее со нас и нашите одлуки. И најповеќе од се дај ни благодат да те познаваме и да стануваме едно со Тебе. Зашто ако те знаеме Тебе ќе знаеме што е вистински да се живее.
Subscribe to:
Posts (Atom)