Welcome to the show called...
Минатата недела свиревме на рок-фест. Победивме таа вечер иако победата многу многу не значи. Важно е дека сме задоволни од настапот, за наш беше важно да се скрши мразот.
Еве некои коментари што ги најдов на интернет.
"Заслужена победа! Таков контакт со публиката, такво искуство, таква професионалност… жално ќе беше ако останеше ненаградено. Ми оставија впечаток на многу посветен бенд, и ме пленеа со социјално-политичките теми што ги обработуваа во своите песни.
Музиката одлична. Македонија дефинитивно треба да се гордее со ваков бенд, без разлика на тоа кој од сите нас каков стил преферира. Само пофални зборови за нив, се радувам што ќе ги гледам наскоро во финале."
"Уф, зошто, ЗОШТО мораа да се волку професионални?!? Зошто ја немаа прекрасната наивност, одликата на секоја гитаријада? Зошто беа, бе, добри, без да можеш да им замериш за некакво гафче или испадче? Ме натераа да се потсетам на настапот на Астон Мартин (РокФест 2003), кои тогаш ме одушевија со цврстината на настапот. И, каде се сега Diverge? Единствено тие беа такви суверени владетели на сцената и зрачеа со харизма (како додека свиреа, така и за време на паузите)
како и овие момци од Vanity Fair. Нималку суетно, воопшто не бледо,
поздрав за политичката ангажираност. Дали навистина наслушнав “Kyrie Eleison” делче во текстот?"


